Олимпискиот пламен беше запален на свечена церемонија во древната Олимпија и денеска тргнува на пат за Париз, каде за 99 дена ќе бидат свечено Отворени Олимписките Игри во „градот на светлината“.
Свечената церемонија се одржа на античкиот стадион во Олимпијa пред неколку илјади лица, а специјални гости беа претседателот на ИОК, Томас Бах и првиот човек на ОИ во Париз, Тони Естанж.
Грчката актерка Мари Мина го запали пламенот, а честа прв да го понесе факелот ја имаше олимпискиот шампион во веслање од Токио, Стефанос Дускос. Потоа тој го предаде факелот на француската пливачка Лора Манаду, олимписката шампионка од Атина од 2004 година.
Факелот 11 дена ќе патува низ Грција, по што се брод ќе биде испратен до Марсеј.
Олимписките Игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
🔥 The Olympic flame for #Paris2024 is lit!#Paris2024 | @Paris2024 pic.twitter.com/1odw4ga9G0
— The Olympic Games (@Olympics) April 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА