Легендарниот поранешен репрезентативец на БиХ, Сергеј Барбарез, е главен фаворит за селектор на оваа репрезентација по одлуката за разделба од Саво Милошевиќ, откако српскиот селектор не успеа да ги одведе Босанците до место на ЕВРО 2024.
Раководството на Фудбалската Федерација на БиХ во изминатите денови преговараше со неколку стратези, но според зборовите на претседателот Вицо Зељковиќ, Барбарез е главен фаворит во оваа трка.
„Преговараме со повеќе кандидати, но точно е дека Барбарез е главен фаворит за местото селектор“, изјави Зељковиќ за “sportsport.ba“.
Она што е интересно, Сергеј Барбарез по добиената лиценца нема работено во ниту еден клуб како тренер, но веќе изразил подготвеност дебито во новата професија да го има како селектор на својата национална селекција. Тој заедно со себе би собрал „екипа“ од поранешни репрезентативни колеги, па десна рака би му бил поранешниот капитен на БиХ, Емир Спахиќ, а во стручниот штаб ќе се најдат и Ведад Ибишевиќ и Златан Бајрамовиќ, кои решија да запловат во тренерски води по завршувањето на играчките кариери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА