Неверојатни вести доаѓаат од Хрватска, поточно Далмација. Сплитски Хајдук е во резултатска криза, практично ја загуби борбата за титулата со Риека и Динамо Загреб, откако во поголемиот дел од сезоната беа лидери во фудбалскиот шампионат.
Од тие причини тренерот Мислав Кароглан ја напушти клупата на сплитски Хајдук, а претседателот Лукша Јакобушиќ исто така замина од тимот. Новиот тренер Јуре Иванковиќ има задача само да ја доврши сезоната.
Раководството на клубот почна да бара нов тренер. Се размислува за голем број имиња, некои стратези од Хрватска, некои од регионот и од странство. На челниците на Хајдук им беше понуден Феѓа Дудиќ, тренерот на Раднички Крагуевац, клуб кој стана хит во српското првенство.
Стратегот од Сараево за кратко време ги склопи коцките во Раднички и создаде компактен и моќен тим. Во регуларниот дел од сезоната клубот од Крагуевац заврши на петтото место, со изразени амбиции да избори пласман што води во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА