Познати се составите на сите екипи со кои ќе се играат реваншите во Дортмунд и во Барселона.
Чави има само една замена, Педри ќе биде во првите 11, додека останатите се истите од Париз. За разлика од него, Енрике се реши на неколку замени. Така од првиот меч ги нема Асенсио, Бералдо и Ли, а на нивно место ќе играат Заире Емери, Баркола и се враќа Хакими.
На другиот меч во Дортмунд, Борусија и Атлетико ќе излезат со најсилните состави во моментов. Бранд овојпат добива шанса во првите 11 на домашниот тим, додека кај Атлетико го нема Лино поради картони.
По првите мечеви, Барселона има предност над ПСЖ со 3-2, додека Атлетико во Мадрид ја совлада Борусија со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА