Еден од најдобрите фудбалери во средината на теренот, имаше бројни афери со „зафатени“ жени, а сите важни финалиња ги губеше. Станува збор за легендарниот фудбалер на Германија, Михаел Балак, кој на теренот беше брилијантен, но во светот на фудбалот е запамтен како најголем губитник, со оглед дека загубил многу финалиња.
Уште како 21-годишник ја освои Бундеслигата, кога се случи едно од најголемите чуда во германскиот фудбал, кога во сезоната 1997-98 Кајзерслатерн стана првак на Германија, а Балак тогаш се сметаше за наследник на Франц Бекенбауер. Подоцна направи трансфер во Баер Леверкузен, па од таму замина во Баерн Минхен, па во Челси.
Првото фијаско го доживеа во 2001 година кога со Баер Леверкузен за само неколку дена ги загуби сите три титули: во Бундеслигата, во Лигата на шампионите и во Купот. Среќата не го следеше ниту во Баерн. Освојуваше трофеи во Бундеслигата, но на меѓународна сцена не. После тоа играше за Челси, каде загуби во финалето во ЛШ од Манчестер Јунајтед во 2008 година. Беше капитен на Германија кога неговата селекција загуби во финалето на ЕП 2008 година. Во 2002 година ја однесе Германија во финалето на Мундијалот, откако во полуфиналето постигна гол против Јужна Кореја, но во тоа финале не играше поради жолти картони.
Во приватниот живот имаше авантури со зафатени жени, а поранешниот соиграч Кристијан Лел го обвини дека ги уништува туѓите животи. Дека е „лузер“ и во приватниот живот, покажува фактот што сега е во врска со 21-годишната Софија Шнајдерхан. И тоа не е ништо чудно, ако се има во предвид дека таа е поранешна девојка на неговиот син Емилио, кој почина на 18-годишна возраст во 2021 година. Германската јавност е шокирана откако бил забележан со Софија, делувал вљубено, а во еден момент се бакнале во јавност. Заедно биле и на доделувањето на наградите на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА