После фантастичната партија во Барселона, ПСЖ е во финале на Лигата на шампионите. Успеаја „светците“ да надоместат негатива од првиот меч, и на „Монжуик“ да слават триумф од 1-4, и така се пласираат во следната фаза.
Натпреварот го коментираше и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике кој се освртна и на Килијан Мбапе кој е пред заминување од тимот.
„Започнавме одлично, знаевме дека ова ќе биде мечќ со многу голови, и бевме подготвени на тоа дека ќе примиме некој гол. Не ни се доближија, а потоа следуваше одлична акција на Јамал кој донесе гол. Игравме комплетно добар меч, а судењето нема да го коментирам. Дали Мбапе ќе остане? Сите чекаме господинот Килијан Мбапе да се огласи. Тогаш секоја страна ќе даде свое мислење. Јас морам да останам мирен додека сите го искажат своето мислење. Како да сме во судница, а јас сум само еден од сведоците кои чека сослушување“, рече Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА