Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ беше многу среќен по победата над Алетико Мадрид со кој неговиот тим се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите.
„Жолто-црните“ не брилијираат во Германија, но затоа во ЛШ маршираат добро, и се пласираа меѓу најдобрите четири, каде ќе сретнат со ПСЖ, екипа со која играа во групната фаза и завршија на првото место на табелата.
„Горд сум. Атмосферата на стадионот беше неверојатна. Имаше два моменти кои можеа да не скршат, но бевме посилни и продолживме во следната фаза. Со гордост можам да кажам дека заслужено елиминиавме силен противник како Атлетико. Во полуфиналето играме со ПСЖ. Нашиот прв натпревар во групната фаза не помина добро. Во реваншот успешно се адаптиравме и бевме блиску до победа. Мислам дека сега играме подобро од тогаш“, рече тренерот на „милионерите“ Един Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА