Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на ВТА фјучерсот вреден 60.000 долари кој се игра во Копер, Словенија.
Ѓорческа низ тотална доминација на стартот од турнирот во поединечна конкуренција славеше против шестата носителка Романката Анка Алексија Тодони.
Два сета, и тоа со 6-4 и 6-1, и беа доволни на македонската тенисерка за да ја збрише шестата носителка која е на 191.место на ВТА листата, и се пласира во следната рунда натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА