Спортско Кавадарци денеска има причина за големо славје откако фудбалерите на Тиквеш во драматична завршница во пенал-рулетот го елиминираа Шкупи и се пласираа во финалето од Купот на Македонија.
Ова е прво финале во клупската историја на Тиквеш, па разбирлива е еуфоријата кај кавадарчани, воедно и оптимизмот пред мечот за трофејот што овој тим ќе го води следниот месец против Воска.
„Пишуваме историја! ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci оди во финале во Купот на Македонија. Спортско Кавадарци! Убаво Кавадарци! Честитки момци, честитки кавадарчани!“, порача Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, крај селфи-фотографијата од соблекувалната на Тиквеш веднаш по големиот успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА