Кошаркарите на ТФТ Скопје се третиот тим кој се пласираше во полуфиналето од плеј-офот од кошаркарската Лига на Македонија.
Вечерва ТФТ во четвртфиналната серија на домашен терен славеше со … и со тоа успеа да слави со конечни 3-1, откако во мечот број два направи брејк на жешкиот терен во Чаир.
Натпреварот почна израмнето. Гостите беа подобри во првиот период, додека домаќините во вториот, а на пауза се замина со минимална предност на Чаир од 38-40. Клучна во мечот беше третата четвртина во која избраниците на Боро Смилковски на противникот му дозволија само девет поени, а по триесет минути игра имаа плус единаесет (60-49). Во последниот период гостите успеаја целосно да се вратат на мечот и да имаат и напад на 69-69, кој не го искористија, а по дуелот за скок Хотон доби две слободни од кои едно реализираше за конечни 70-69.
Виктор Ташовски со 18 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 26 поени на Бревин Галовеј.
Во полуфиналето ТФТ најверојатно за противник ќе го има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој во својата серија со Гостивар веќе има предност од 2-0. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Работнички и Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА