Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз говореше за слабите резултати на Новак Ѓоковиќ оваа сезона.
Ѓоковиќ одигра само три турнири каде играше полуфинале на Австралија опен и Монте Карло, додека беше елиминиран во раната фаза во Индијан Велс.
Во интервју за „Ла Вангардија“, Алкараз беше запрашан дали Новак е поранлив од порано.
„Никогаш немојте да го потцените Новак. Сега не постигнува врвни резултати, иако се многу добри, полуфинале на гранд-слем и Монте Карло. Работата е во тоа што сме навикнати да го гледаме како освојува се“, рече Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА