Хамилтон: Луѓето зборуваат секакви ср*ња за мене

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон очајно ја стартуваше новата сезона во Формула 1.

Најдобар пласман за возачот на Мерцедес беше седмото место во Бахреин и веќе е јасно дека нема шанси да се бори за висок пласман на крајот од сезоната.

Славниот Британец пред почетокот на сезоната потпиша договор со Ферари за кој ќе вози од 2025 година, а неговата одлука се уште е главна тема на медиумите.

„Мислам дека не треба да се правдам пред никого. Знам дека тоа е најдоброто нешто за мене и никогаш не сум го доведувал во прашање. Луѓето зборуваа и зборуваат секакви ср*ња. И секогаш ќе биде така. Тоа воопшто не ме интересира“, вели Хамилтон.

Се вчитува...