Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Херој на „кралевите“ е голманот Андреј Лунин, кој одбрани два пенали на играчите на Манчестер Сити Бернардо Силва и Матео Ковачиќ, па така Реал победи и се пласираше во следната фаза.
Сепак, Реал има и „скриен херој“. Тоа е Антонио Ридигер, кој му кажа на Лунин каде ќе шутира Ковачиќ. За среќа, Украинецот го послуша, тргна на вистинската страна и му го одбрани пеналот. Ридигер на крајот го реализираше последниот пенал со кој го запечати пласманот во полуфиналето.
Ридигер добро го познава Ковачиќ со оглед дека беше негов соиграч во дресот на Челси, па сигурно од тие денови знаел каде Хрватот ќе шутира. Во тоа можеби и му помогна Модриќ, кој беше до него и му честиташе за тоа што погоди каде ќе шутира играчот на Сити.
Rudiger showing Lunin which way Kovacic will shoot. They played together at Chelseapic.twitter.com/ZNTnNxjm4R
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) April 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА