Екипата на Унион Берлин сака прва победа над Баерн Минхен во историјата, и тимот од главниот град на Германија да избега од опасната зона. Од Унион се надеваат дека „Баварците“ повеќе ќе размислуваат на следниот ривал во ЛШ – Реал Мадрид.
Баерн ја загуби титулата во Бундеслигата од Баер Леверкузен, а Лигата на шампионите остана единствената шанса на тимот да освои трофеј. Ривал на гигантот од Минхен ќе му биде Реал Мадрид.
„Да бев тренер на Баерн Минхен, немаше да размислувам повеќе на Бундеслигата, ќе размислував на Реал Мадрид“, изјави тренерот Ненад Бјелица.
„Секогаш има првпат. Се надевам дека ќе победиме“, изјави Бјелица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА