Формула 1 циклусот во Шангај официјално почна, а гледачите имаа прилика да уживаат во возбудливи квалификации за спринт трката која е на распоредот утре. Изненадување направи Нандо Лорис кој дојде до пол-позиција, а приказната на денот ја има Луис Хамилтон.
Во квалификациите имаше голема борба, и поради дождот кој почна да паѓа во вториот дел од квалификациите, и донесе вистински спектакл.
Пол позицијата ја освои Нандо Лорис, кој имаше фантастричен круг. Британецот имаше време од 1:57.940, и успеа да дојде до својата првата позиција за утрешниот спринт.
Но, шоуто го украде Луис Хамилтон, кој усепа да дојде до втората позиција и со тоа да покаже дека на дожд никој ништо не му може. И покрај лошите резултати сезонава, Британецот успеа да дојде до второто место, и имаше нешто повеќе преку секунда од својот сонародник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА