Ракометарите на македонскиот вицешампион Алкалоид без проблеми стигнаа до победа на домашен терен против Струга 35-20 во деби натпреварот од 10. коло во плеј-офот од Суперлигата на Македонија.
Натпреварот беше израмнет само до 3-3 во првото полувреме кога избраниците на Кирил Лазаров почнаа да се одвојуваат, а на пауза заминаа со позитива од пет гола (15-10). Избраниците на Кирил Лазаров фуриозно го стартуваа второто полувреме па веќе во 36. минута за првпат стигнаа до двоцифрена предност (20-10). До крајот Алкалоид само рутински го приведе натпреварот за конечни 35-20.
Дамјан Митев со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Филип Симоноски постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА