По испаѓањето на Барселона од Лигата на шампионите, се чини клучен момент беше исклучувањето на Роналд Араухо. И додека во Шпанија имаше големи полемики околу тоа дали требало дефанзивецот да биде исклучен, фудбалерот на Барселона даде интересен коментар, после кој Араухо се налути.
„Ако беше прекршок, тогаш тоа е црвен картон. На вакви натпревари треба да се внимава многу“, рече Гундоган, по што Араухо врати:
„Подобро да го премолчам она што го мислам“, изјави дефанзивецот.
Сепак, Чави пред Ел класико кажа дека нема никакви проблеми меѓу двајцата, и дека се решени сите несогласувања.
„Нема никаков конфликт меѓу Гундоган и Араухо. Се е решено, се е океј. Кога немаше лоши намери, секогаш има разбирање на крајот“, рече Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА