Гостите доминираа во Премиерлигата: Брентфорд и Барнли до убедливи победи

Брентфорд и Барнли обезбедија убедливи победи над Лутон, односно Шефилд Јунајтед во денешните натпревари од 34. коло во Премиерлигата.

Со тоа Барнли дојде до надеж дека може да опстане, додека Брентфорд се чини оствари важен триумф со кој стигна до 35 бодови, и сега е на +10 од опaсната зона.

Брентфорд со двата гола на Виса водеше 0-2 по првиот дел кај Лутон, а Пинок, Луис-Потер и Шаде донесоа убедливи 0-5. Домашните само намалија преку Бери во 92. минута.

Барнли со головите на Брун Ларсен и Асињон стигна до 0-2 по првиот дел. Хамер во 52. минута намали, но Фостер и Гудмундсон ја донесоа победата за надеж на тимот на Висент Компани.

Се вчитува...