Тросар и Одегард ги донесоа трите бода и лидерско место на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал со победа во Премиерлигата одговори на елиминацијата од 1/4 финалето во Лигата на шампионите од Баерн Минхен. „Топчиите“ остварија важна победа на гостувањето кај Вулверхемптон, и така остана во игра за титулата во Англија.

Херој на Арсенал беа Тросар и Одегард, кои погодија во последните минути од првиот и од вториот дел. Арсенал доминираше во текот на целиот меч, имаше шанси и за поубедлив триумф, но на крајот стигна само до два гола.

Тросар во 45. минута ја најави победата, а во петтата минута од продолжението во вториот дел Одегард искористи грешка на одбраната и погоди во мрежата на Са со што ја запечати победата.

Со оваа победа Арсенал барем до утре ќе биде лидер на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...