Гвардиола: Не смееше мечот против Челси да го играме толку рано

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола во само една реченица изјави дека е задоволен од победата против Челси во полуфиналето на ФА Купот. Се друго што кажа по мечот беше критика на календарот и фактот дека неговиот тим имаше само два дена да се опорави од дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Исклучително сум среќен што стигнавме до финалето на ФА Купот. Беше неприфатливо да се игра мечот во сабота. Ова е недозволиво поради здравјето на играчите. Тоа не е нормално. По 120 минути против Реал… Ова е неприфатливо. Не знам ни како преживеавме денеска. И ништо нема да се промени. Ништо. Зошто игравме денеска, а не утре? Кога Челси, Манчестер Јунајтед и Ковентри не играа во текот на неделата. Зошто? Еве некој да ми објасни. И ќе ми кажете дека е поради ТВ преносот. Не. Зборувам за здравјето на играчите овде, ова е недозволиво“, изјави Гвардиола. 

Сити во финалето го очекува подобриот од денешниот меч меѓу Манчестер јунајтед и Ковентри.

Се вчитува...