Точно десет години откако ја напушти „Ла Масија“ и замина во Загреб, Дани Олмо би можел триумфално да се врати во Барселона.
Шпанецот од Лајпциг е меѓу приоритетите на Барса за сезоната 2024/25 во која ќе има промени и во тимот и на клупата од која ќе се повлече Чави Хернандез.
Како момче, Олмо тргна по помалку патуваниот пат и се приближи до младинската академија на Динамо, што беше апсолутно добар потег, бидејќи крилниот напаѓач брзо доби шанса меѓу „сините“ и до заминувањето во Германија одигра 124 натпревари, постигна 34 гола и додаде 28 асистенции. Платен 25 милиони евра, на сличен начин продолжи и во Лајпциг, за кој на 146 натпревари постигна 29 гола со 34 асистенции.
Во договорот со важност до 2027 година, тој има клаузула од 60 милиони евра и според каталонскиот „Мундо депортива“, ова е сумата што доколку сака ќе треба да ја плати претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

