Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен изјави дека е задоволен од денешната победа на трката за Големата награда на Кина во Формула 1 и дека уживал цел викенд во Шангај.
„Чувството е одлично. Бев неверојатно брз цел викенд. Беше задоволство да се вози болидот. Преживеавме рестартирање на трката, а болидот беше практично идеален и можев да правам што сакам. Овој викенд чувството беше фантастично“, изјави Ферстапен по трката.
Трикратниот последователен светски шампион ја постигна четвртата победа сезонава, на петтата трка, а вкупно 58. во кариерата. Во саботата Холанѓанецот победи и на спринтерската трка на истата патека, а денеска стартуваше од пол-позицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА