Време е за „Ел класико“ – Може ли Барса да ја направи интересна битката за трофејот во Ла лига

Вечерва не очекува спектакл на „Сантијаго Бернабеу“. Во натпревар од 32. коло на шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ја пречекува Барселона во едно од најголемите светски дербија.

Двете екипи оваа недела имаа исклучително тешки реванши од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Каталонците доживеаја големо разочарување, по победата од 2-3 во Париз и водството во Барселона, претрпеа потоп од 1-4 и го загубија пласманот во полуфиналето.

Мадриѓаните ремизираа против Манчестер Сити, а потоа со подобро изведување пенали го исфрлија актуелниот европски шампион. Барселона имаше ден повеќе одмор, одигра половина час помалку од ривалите, но адреналинот што го добија „кралевите“ со нокаутирањето на главниот конкурент за титулата европски првак сигурно ќе го надомести насобраниот замор.

На реновираниот стадион со нов капацитет од 81.000 може да се реши трката за шампионот со оглед на тоа што моментално лидер е Реал со 78 бодови, додека Барселона е втора со осум бодови помалку.Дали Барса може да триумфира во Мадрид и да ја врати неизвесноста во Ла Лига, останува да видиме вечерва.

Се вчитува...