Кениската атлетичарка Перес Џепчирчир постави нов светски рекорд во маратон, откако трката во Лондон ја заврши за 2:16:16 часа.
Зад олимписката шампионка, второто место на трката во главниот град на Велика Британија, еден од најмасовните маратони на планетата, го освои Тигст Асефи од Етиопија, додека трета беше Џојзелин Џепкосгеи од Кенија.
И второпласираните и третопласираните ја завршија трката за помалку од 2 часа и 17 минути, што ги натера да ја завршат трката побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време (2:17:01 часа) поставен во 2017 година, исто така во Лондон.
WORLD RECORD ‼️
Olympic champion Peres Jepchirchir breaks the women-only marathon world record* with 2:16:16 at the @LondonMarathon after a crazy sprint finish 🤯
*Subject to the usual ratification procedures#londonmarathon2024 pic.twitter.com/FdiWaqledu
— World Athletics (@WorldAthletics) April 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА