Новак Ѓоковиќ не размислува за пензија иако за еден месец ќе наполни 37 години.
Во понеделникот Ѓоковиќ по петти пат во кариерата беше прогласен за најдобар спортист на светот. Иако многумина очекуваат да се пензионира по Олимпијадата во Париз оваа година, тој има други планови.
„Мојата најважна цел оваа година е златниот медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, не би ни играл. Секогаш треба да верувате дека се е можно во животот. Кој знае дали повторно ќе имам шанса иако сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година“, рече Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

