Ањели имаше порака за навивачите на Интер… со еден датум ги поздрави „нероаѕурите“

Андреа Ањели повеќе не се наоѓа на чело на Јувентус, но екс-претседателот најде начин како да им ја „честита“ на навивачите на Интер новата шампионска титула потсетувајќи ги „нероаѕурите“ колку заостануваат зад „старата дама“ во оваа трка.

Скудетото на Интер е вкупно 20. во клупската историја на тимот од Милано, додека Јувентус има 36 откако две титули на „старата дама“ беа одземени поради скандалот „Калчополи“.

“XVI.V.MCMLXXXII… До самиот крај…“, гласеше пораката на Ањели на неговиот твитер профил.

Станува збор за датумот 16.5.1982 напишан со римски бројки, датум кога Јувентус ја освои својата 20. шампионска титула, нешто што на Интер му успеа дури 42 години по „старата дама“.

Очекувано, следеше сеир од приврзаниците на Јуве до ривалите, но и низа навреди од навивачите на Интер кон Ањели, кој успеа да им влезе барем за момент под кожата во моментите на големото славје.

Се вчитува...