ПСЖ во Барселона ќе ја пазари замената на Килијан Мбапе. Станува збор за младиот фудбалер Ламин Јамал, за кого „светците“ се подготвени да издвојат неверојатни 200 милиони евра.
Оваа вест ја пласираше денеска „Ла Паризиен“, кој тврди дека тимот од Париз е подготвен со понуда од 200 милиони евра да го ангажира 17-годишниот дијамант на „Каталонците“.
Луис Енрике е воодушевен од талентот и квалитетот на Јамал, и смета дека тој би бил вистинска замена за Мбапе, кој е пред заминувње од Париз. Јамал е дете на Барселона, и засега сака да игра само за својот матичен клуб, но ПСЖ нема намера да се предаде, и наскоро ќе се обиде да го „истражи теренот“.
Барселона во исто време е во преговори со Јамал за нов договор, кој би требало да се случи престојното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА