Најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација Оливие Жиру, од следната сезона кариерата ја продолжува во МЛС лигата во САД, откако потпиша едногодишен договор со тимот на Лос Анџелес.
Жиру во досегашниот тек на кариерата постигна 57 гола во 131 настап за „триколорите“, во новиот клуб ќе му се приклучи на својот долгогодишен соиграч од националниот тим, голманот Хуго Лорис со кого во 2018 година ја освои и титулата светски првак.
Последните три години Жиру ги мина во Милан, а репрезентативната кариера ќе ја заврши после ова ЕВРО 2024 година кое се одржува во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА