Двокраниот европски шампион Вардар стигна до нова победа во домашниот шампионат откако денеска славеше на гостувањето кај Струга со убедливи 15-36 во меч од 11. коло од плеј-офот во Суперлигата.
Вардарци фуриозно го почнаа мечот па веќе по триесет минути игра имаа убедливи осум голови предност 8-16. Во вториот дел „вардаровата машинерија“ уште повеќе го газеше својот противник на кого за петнаесет минути му дозволи само два гола, по кои стигна до најголемите 10-28.
До крајот само рутински беше приведен мечот за конечни 15-36. Марио Стојановски и Немања Гојковиќ со по пет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа седумте погодоци на Мерис Бошњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА