Еуфорија владее меѓу приврзаниците на Партизан откако денеска беа разрешени сите дилеми – Жељко Обрадовиќ и во наредните две сезони ќе го води актуелниот шампион на АБА-лигата.
Веќе подолго време се шпекулираше дека деталите од договорот се средени, но постоеше неизвесност се додека се не биде ставено на хартија, за денеска Обрадовиќ да го стави својот потпис на новиот двогодишен договор со Партизан.
„Моето останување воопшто не беше доведено во прашање. Веќе имам кажано, јас уживам работејќи во Партизан, ова што сега го доживувам во саканиот клуб во кој сум од 1984 година е нешто неверојатно. Ова е кој град, ова се мои луѓе, затоа и огромно е моето задоволство да продолжам да работам во Партизан бидејќи сите луѓе овде веруваат дека јас сум вистинскиот човек за овој клуб“, изјави Жељко Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА