Баерн Минхен скапо ја плати победата над Ајнтрахт откако Томас Тухел доби нови главоболки поради повреди на првотимци на баварскиот гигант. Стратегот на Баерн ротираше во тимот во пресрет на првото полуфинале од ЛШ против Реал Мадрид, но мечот со Ајнтрахт сепак донесе лоши вести за него.
Лајмер мораше да биде заменет уште во првото полувреме поради повреда на мускулот, а потоа и Де Лихт го напушти теренот жалејќи се на болка во коленото. Згора на тоа, Тухел обелодени дека Џамал Мусиала се повредил на вчерашниот тренинг и се уште е неизвесно дали ќе може да игра против Реал во вторник.
„Мусиала се пожали на проблем што го имаше и претходно, тој не можеше да го доврши тренинг, па денеска не се најде ниту на клупата. Ќе видиме што ќе кажат лекарите, исто како и за Де Лихт и за Лајмер. Утре ќе имаме повеќе информации на кого ќе можеме да сметаме против Реал“, изјави Тухел.
Matthijs de Ligt pictured leaving the Allianz Arena limping following a knee injury – Bayern Munich play Real Madrid on Tuesday.
📽️ @julianbuhl pic.twitter.com/AXXnjuuI1I
— Get German Football News (@GGFN_) April 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА