Шкупи е на еден чекор до влез во елитното кошаркарско друштво откако оваа екипа во скопската пресметка славеше над Маџари со 86-78 во првата полуфинална пресметка од второлигашкиот плејоф.
Тимот предводен од Тони Симиќ стигна до триумф благодарение на одличното прво полувреме, по десет минути игра домаќините имаа водство од 27-17, а на одмор заминаа со уште поубедливи 47-29. Маџари покажа карактер и заигра далеку подобро по паузата, гостинскиот состав предводен од Перо Блажевски дојде на само четири поени негатива (82-78), не реализираше тројка за уште понеизвесен финиш, по што Тачи и Џеладини ставија печат на триумфот на Шкупи.
Димитровски постигна 20 поени за Шкупи, капитенот Камбери реализираше 14, а Џеладини 13 поени за победничкиот тим. Карло Блажевски го предводеше Маџари со 22 поени и беше најефикасен играч на натпреварот, а Настовски, Тодоровски и Паоло Блажевски реализираа уште по 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА