Челси со извонредна игра во второто полувреме се спаси од негатива од два гола и стигна до реми на тешкото гостување против Астон Вила, но меѓу „сините“ владее големо разочарување и фрустрација по поништениот гол што можеше да им донесе цел плен на „Вила Парк“.
Се играше судиското продолжение кога Дисаси се најде осамен во петерецот и со глава ја смести топката во мрежата, но судијата го поништи тој погодок поради прекршок по еден воздушен дуел пред голот, одлука по која Маурицио Покетино и неговите избраници останаа бесни.
„Некои работи не можам да ги разберам. Даваме гол, судијата мисли дека тоа е фаул и оди во ВАР само за да си ја потврди одлуката. Па ако она беше фаул, обичен контакт по воздушен дуел, тогаш буквално секој дуел треба да биде прекршок и ниту еден тим нема да ги заврши мечевите со 11 фудбалери. Тешко е да се разбере, пред неколку дена во ФА Купот имавме очигледен пенал за играње со рака што судијата и ВАР арбитрите решија да не го досудат, денеска гледаме уште една смешна одлука за која самиот судија побара потврда од ВАР-собата. Сето ова му штети на фудбалот“, разочарано изјави Маурицио Покетино по мечот на „Вила Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА