Кошаркарите на Работнички доживеаја вистински дебакл на првиот натпревар од полуфиналната серија за титулата против Пелистер.
Убедливиот пораз од 63-86 на домашен терен, без сомнение, ги разбесна и најверните навивачи на Работнички, „Сити парк бојс“ кои се огласија со своја реакција по вчерашните случувања најавуваќи дека нема да дозволат некој да си игра со дресот и честа на клубот.
„Вчера бевме сведоци на срамниот дебакл на нашите играчи. Трибината исполнета до последно место, еуфорија како што одамна не се осетила меѓу публиката, се беше подготвено за еден одличен ден крунисан со победа за да на крај да добиеме што? Натпревар само 15 минути? Легачење по терен и фрлање цигли? Поразот како пораз не боли толку колку што боли непочитувањето на дресот и името кое го носат. Се си има свој почеток и крај, а поединци веќе се на крајот. Нема да дозволиме на никого да си игра со нашата светост па и по цена тоа да придонесе крај на сезоната. Од сега па натаму ќе делуваме ние! Подгответе се зошто наскоро доаѓа најтешката битка, најтешките минути на сезоната!!! ПОРАЗ НЕ Е ЗБОР ОД НАШИОТ РЕЧНИК!“ – се вели во реакцијата од „Сити парк бојс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА