Лос Анџелес Клиперс успеаја да направат „брејк“ во Далас и со победа во супердраматичниот четвртти натпревар од серијата да изедначат на 2-2. Маверикс имаа негатива од 31 поен во втората четвртина од средбата, но на крилја на Кајри Ирвинг успеаја да поведат во последните дванаесет минути. Сепак историскиот камбек немаше среќен крај бидејќи на патот на победата на Далас застана Џејмс Харден.
По новиот пораз на Далас самокритичен беше Лука Дончиќ и покрај тоа што оствари трипл-дабл учинок од 29 поени, 10 скокови и 10 асистенции поради повреда на коленото не можеше да им парира на расположените суперѕвезди на Клиперс во одбраната.
„Морам повеќе да му помогнам. Се чувствувам како да го оставив на цедило. Морам да бидам тука, повеќе да помагам. Тој даде се од себе, неверојатен е низ целата серија“, изјави Дончиќ кој се осврна и кон повредата.
„Очигледно е дека ме боли, но тоа не смее да биде изговор. Не бевме свои на отварањето на натпреварот. Мора да бидеме многу подобри од тоа“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА