Кога дојде во Јувентус од Ајнтрахт, Филип Костиќ беше претставен како големо засилување. Тој дојде од тимот во кој блесна во Лига Европа, Германците тогаш го освоија ова натпреварување, а Костиќ беше еден од најдобрите играчи.
На тимот од Франкфурт му беа исплатени 15 милиони евра. Првата сезона не беше лоша, офанзивниот играч за врска одигра 56 натпревари во сите натпреварувања, постигна само три гола, но имаше и 12 асистенции.
Во актуелниот шампионат учинокот е под нивото од премиерната сезона на тимот од Торино. Досега Костиќ забележа 31 настап, без постигнат гол и со само четири асистенции.
Веднаш се наметна прашањето за останување на српскиот репрезентативец во Јувентус. Италијанските медиуми на големо пишуваат за желбата на тимот од Торино да го продаде Костиќ, за да се растерети буџетот, но и да се отвори простор за соодветно засилување на оваа позиција.
Проблемот е што Србинот има договор со Јувентус уште две години. Италијанските медиуми пишуваат дека поради слабите резултати на трансфер листата ќе се најдат неколку играчи на Јувентус, меѓу кои и Костиќ.
Дури се споменува дека откупната цена за Србинот била одредена на осум милиони евра, речиси двојно помалку од она што му беше платено на Ајнтрахт во летото 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА