Дисциплинската комисија на Евролигата го казни тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман со 35 илјади евра за скандалозното однесување и изјавите по првиот и вториот натпревар во четвртфиналниот плеј-оф со Макаби Тел Авив.
Турскиот стратег ги критикуваше судиите за нивните одлуки на самото отварање на разигрувањето за место на финалниот турнир, а по вториот натпревар говореше и за соопштението на Евролигата во кое беше неведено дека тој го нарушува угледот на натпреварувањето, како и за заканите кои ги добивал од Израелците во Атина.
Казна од 30 илајди евра доби и Панатинаикос за однесувањето на претседателот на клубот, Димитрис Јанакопулос кој вториот натпревар го проследи од првите редови на теренот. Гркот пушеше цигари во салата пред камерите, скокаше по судиските одлуки и ја подигнуваше маицата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА