Фудбалската федерација на Нигерија (НФФ) го назначи поранешниот репрезентативец Финиди Џорџ, за нов селектор на Нигерија.
Финиди Џорџ претходно беше помошник на Хозе Сантос Печеира година и пол, а потоа привремено ја вршеше функцијата тренер откако Португалецот си замина на крајот од Африканскиот куп на нации 2023 година, каде Нигерија во финалето беше поразена од домаќинот Брегот на Слоновата Коска.
За време на неговиот привремен мандат, Џорџ ја водеше Нигерија на два пријателски натпревари во Мароко минатиот месец против Гана (2-1) и пораз од Мали со 2-0.
Финиди Џорџ беше прославен играч на Ајакс, со кого ја освои Лигата на шампионите во 1995 година против Милан и играше во финалето следната година против Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА