Англиските медиуми пренесуваат дека на „Олд Трафорд“ се подготвува големо летно „проветрување“ на тимот.
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од неколку скапи фудбалери, а идеални купувачи се клубовите од Саудиска Арабија. Како што пишуваат на Островот, Рафаел Варан и Арон Ван Бисака се најблиску до Ал Наср, клубот во кој игра легендата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
За Французинот е заинтересиран и Ал Итихад, додека Касемиро наводно е најблиску до Ал Хилал, клубот во кој играат, Нејмар, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА