Поранешниот светски шампион Мајк Тајсон се враќа во професионалниот ринг по пауза од 19 години. Tој ќе ги вкрсти ракавиците со јутјуберот Џејк Пол.
„Железниот Мајк“ ќе го означи своето враќање во рингот на 58 години, а неговиот ривал, кој веќе имаше 10 борби, е 31 година помлад од Тајсон.
Нивната борба ќе се одржи на 20. јули на стадионот на Далас Каубојс. Тоа ќе биде прва професионална борба за Мајк Тајсон од 2005 година кога беше поразен од Кевин Мекбрајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА