Поранешен светски шампион пронајден мртов во семејната куќа

Шокантни вести од боксерскиот свет доаѓаат од Јужноафриканската Република. Поранешниот светски шампион Динган Тобела е пронајден мртов во неговата семејна куќа.

Тобела почина на 57-годишна возраст по кратко боледување. Титулата светски првак во лесна категорија во ВБО верзијата ја освои во 1990 година, а сето тоа го повтори три години подоцна, додека во 2000 година стана шампион во перо категорија во ВБЦ организацијата.

Поради лошата здравствена состојба во последно време не излегувал од дома, а бил пронајден мртов откако неколку дена не се јавувал на телефонот.

Се вчитува...