Екипата на МКК Куманово од наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига. Ова откако во вториот, се покажа и решавачки натпревар од полуфиналната серија од разигрувањето за пополнување на Првата лига, уште еднаш беа подобри од скопски Ангели.
Славеше тимот кој го предводи Марин Докузовски со сигуни (71-56), и со максимални (2-0) ја затвори полуфиналната серија. Со тоа се избори за место во финалето, но стана и првиот патник во друштвото на најдобрите од второлигашката конкуренција.
На натпреварот одигран во салата „Независна Македонија“, Ангели имаа подобар почеток, дури и водство во првата четвртина (13-12). Но, работите почнаа да се менуваат на почетокот на втората. Период од играта во кој фаворитот го покажа својот квалитет, и до одморот се одвои на двоцифрена предност (39-26).
Во 33 минута, Ангели успеаја да дојдат на едноцифрен минус (45-54), но по тајм-аутот на Докузовски, следеше серија од 6-0 за уште поголемо одвојување на МКК Куманово (60-45).
Утре од 20 часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“ се игра вториот меч од другата полуфинална серија во која се среќаваат екипите на Маџари и на Шкупи. Гостите имаат (1-0) во серијата, и доколку слават на овој натпревар ќе бидат противник во финалето на МКК Куманово, и нови прволигаши.
Победа на Маџари ќе значи и одигрување на уште еден трет, решавачки натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА