Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го постави камен темелникот на националниот фудбалски стадион во Сурчин, во предградието на Белград кој ќе биде од највисока четврта категорија на УЕФА, а кој треба да биде готов до крајот на 2026 година.
Стадионот ќе чини околу 257 милиони евра, со капацитетот од 52.000 гледачи. На стадионот ќе има и шопинг центар, фудбалска академија и фудбалски музеј а предвидено е во 2028 на него да се игра финалето од Лига Европа.
„Ќе му дадеме на народот да избере име. Јас мислев да се вика Србија, но народот ќе гласа, луѓето се паметни. Не е работата само стадионот туку и животите на нашите луѓе, родители ќе водат деца и внуци, тука ќе поминуваат време, ќе се забавуваат. За мене ова е живот, остварување на сон“ – рече Вучиќ на поставувањето на камен-темелникот.
На поставувањето на камен-темелникот, меѓу останатите, беа присутни и Драган Стојковиќ – Пикси, Драган Џајиќ, Ненад Бјековиќ, Мирослав Тањга…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА