Ракометарите на данскиот Алборг се првите патници на Ф4 турнирот сезонава во Лигата на шампионите, откако во четвртфиналниот двомеч успеаја да слават над унгарскиот Веспрем.
Откако во првиот меч во Унгарија, Данците загубија со 32-31, вечерва пред својата публика беа подобри од својот противник со … и со тоа обезбедија виза за Келн.
Домаќините одлично го отворија натпреварот и веќе до полувремето имаа позитива од четири гола 18-14. Гостите одиграа далеку подобро во вториот дел, во неколку наврати дојдоа и на само минус два, но одличен на голот на Алборг беше Ландин кој успеа да го спаси својот тим во лошиот период и на крајот да обезбеди учество на завршниот турнир во Келн.
Неверојатниот Ландин го заврши мечот со 15 одбрани, а најефикасен во нападот на домашниот тим беше Матс Хангард со девет гола. Кај поразените Микита Ваилупау заврши со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА