Шокантен ден ни донесе четвртфиналната фаза на Светското првенство во снукер, откако својот настап го завршија двајцата први фаворити, Рони О’Саливен и Џад Трамп.
Вечерва во една пред се тензична сесија во која Рони се караше буквално со сите од судија до публика, загуби од шампионот од 2015 година Стјуарт Бингам со 13-10.
Бингам во полуфиналето ќе се сретне со Велшанецот, Џек Џонс кој денеска со 13-9 беше подобар од Џад Трамп. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кајрен Вилсон и Дејвид Гилберт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА