Матс Хумелс не ја криеше гордоста по извонредното издание на Борусија Дортмунд и победата од 1-0 на првиот полуфинален натпревар против ПСЖ.
„Најважно од се, до победата стигнавме заедно. Не беше еден потег, туку заеднички труд на сите играчи во текот на сите 90 минути. Сите си помагавме еден на друг, во нападот, во одбраната, тоа даде резултат. Ова беше исклучително зрело издание од Борусија, уште еден одличен меч во Лигата на Шампионите. Мило ми е што на нашите фанови им носиме радост во ЛШ, со тоа се реваншираме за слабите изданија во Бундес-лигата“, изјави Хумелс.
Ветеранот ги предупредува своите соиграчи дека потешкиот дел од задачата допрва следи, да се одбрани минималната предност на реваншот во Париз следниот вторник.
„Сите сонуваме за финале, тоа многу ќе ни значи на нас и на навивачите. Сепак, ќе мораме да го преживееме Париз, а тоа не е нималку лесно. Ќе се подготвиме најдобро што можеме за овој предизвик“, порача одличниот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА