Ферари ќе изгледа несекојдневно на трката за ГН на Мајами

Возачите на Ферари Шарл Леклер и Карлос Сајнц, на трката во Мајами ќе возат визуелно малку поинакви автомобили на италијанскиот производител.

Двајцата ќе седат во автомобилот во азурно сини детали. Со ова ќе и се оддаде почит на „Скудерија“ со оглед на тоа што ова беше оригиналната боја на тој тим пред да се префрли на препознатливата црвена боја.

Автомобилот ќе има две нијанси – „Плата“ и „Дино“. Првиот е поврзан со Алберто Аскари, светски шампион во 1952 и 1953 година, а вториот со униформите на неколку возачи, меѓу кои Клеј Рагазони и Ники Лауда. Во 1974 година, двајцата заедно се искачија на подиумот на Холандското Гран При. Тие униформи му се допаднаа и на Енцо Ферари.

Ова не е прв пат да се оддава ваква почит. Пред две години во Монца имаа „Модена жолта“ на своите болиди, по повод 100-годишнината од таа патека.

 

Се вчитува...