Германски Кил ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако го сензационално го елиминираше француски Монпеље во неверојатен реванш натпревар од четвртфиналната пресметка.
Кил имаше негатива од цели девет гола (30-39) по првиот натпревар кој се одигра во Монпеље. Малку кој очекуваше дека Кил ќе има сили да се врати во игра за Ф4, но вечерва пред своите навивачи го победи Монпеље со 31-21 (17-12) анулирајќи ги оние девет гола негатива.
Феноменална партија на Германците предводени од Јохансон кој мечот го заврши со осум постигнати гола. Седум погодоци запиша Билик, а шест Реинкинд. Кај Монпеље се издвои Швеѓанецот Пелас со шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА