Турскиот стартег на клупата на Панатинаикос, Ергин Атаман по поразот во првиот натпревар од четвртфиналната серија со Макаби Тел Авив порача дека ќе замине од клубот доколку не успее да го пласира на завршниот турнир на Евролигата.
И покрај тоа што грчкиот состав имаше негатива од самиот почеток, подоцна и се најде пред елимианција со скор од 1-2, Грците успеаја да направат „брејк“ на вчерашниот натпревар во Белград и да се изборат за „мајсторка“ која ќе биде одиграна во Атина.
По дуелот во Белград за литванските медиуми говореше кошаркарот на Панатинаикос, Мариус Григонис кој беше запрашан дали мисли дека Атаман ќе замине од клубот доколку не биде добиен следниот натпревар со Израелците.
„Нема шанси Атаман да замине од Панатинаикос. Нема шанси“, низ смеа изјави Литванецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА