Кошаркарите на Монако го совладаа тимот на Фенербахче синоќа во Истанбул, и изборија мајсторка за пласман на Ф4 во Евролигата. По заршувањето на мечот, кога играчите на францускиот тим почнаа да слават, навивачи на турскиот клуб влетаа на терен прво вербално, а потоа и физички да се пресметаат со ривалот.
До инцидентот дојде после славјето на играчот на Монако Босомгејм кој тргнал да гестикулира и тоа ги изнвервира навивачите на Фенербахче.
Имаше тензија, се уфрли и Мајк Џејмс, а потоа тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ застана пред своите играчи и ги туркаше во соблекувалната, по што беше избегнат поголем инцидент.
„И на Монако и на Евролигата им се извинувам за инцидентот. Ова не е нашата слика, неприфатливо е. Ова не е Фенербахче, тоа не сме ние. Се обидуваме нешто да изградиме тука. Мораме да преземеме одговорност за овој инцидент“, рече Јасикевичиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА